Претходна статија
Хибридните возила ќе добијат предност во центарот на Скопје
Следна статија
Од 1 јануари ќе поскапат билетите за возење со ЈСП-Скопје

Втора фаза од проширувањето на булеварот „Партизански одреди“

Објавено на 16.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски и скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го означија почетокот на градежните работи на втората фаза од проектот за проширување на булеварот „Партизански одреди“ кон населбата Ѓорче Петров. Во наредните 180 дена ќе се работи на делот од новиот кружен тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“. За проектот се алоцирани 40,7 милиони денари (660 илјади евра), од кои 37,5 милиони денари се за градежните работи, а 3,2 милиони денари се за изведба на осветлувањето. На терен во наредните шест месеци ќе работат екипите на „Пелагонија“ од Гостивар и „Елтра“ од Скопје.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

На овој потег, кој е со вкупна должина од 500 метри, ќе се изврши реконструкција и проширување на постојаниот коловоз, со што ќе се добие современ, модерен булевар со шест сообраќајни ленти, по три во двете насоки, со вкупна ширина на коловозот од 21 метар. Булеварот ќе има средишно зеленило (жардињера) со ширина од пет метри, а ќе се изведат и нови тротоари и велосипедски патеки од двете страни.

 

Со претстојниот зафат ќе се изгради нова атмосферска канализација во должина од 447 метри, додека долж целиот проширен сегмент е предвидено да се постават 40 тросегментни столбови за улично осветлување. Од Град Скопје очекуваат дека овој инфраструктурен проект ќе ја зголеми проточноста на сообраќајот кон и од општина Ѓорче Петров.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот Партизански одреди