Претходна статија
Кумановски „Простор“ ќе го докомплетира проектот за автопатот Гостивар - Кичево
Следна статија
Привршува изградбата на подземната гаража кај МОБ

Втор тендер за реконструкција на главната пошта во Скопје

Објавено на 10.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По првиот неуспешен обид за пронаоѓање на изведувач, АД „Македонски пошти“ денеска го објави вториот по ред тендер за изведба на новите светлосни куполи над шалтер салата на објектот „Пошта-1“ во центарот на Скопје. Изведувачот треба да го оформи некогашниот препознатлив изглед на главната пошта, кој беше уништен по пожарот во јануари 2013 година. Проценките говорат дека за изведба на куполите ќе се потрошат финансиски средства од 5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Изведбените активности што ќе го вратат сјајот на зданието „Пошта-1“ треба да се комплетираат во рок од 12 месеци.

 

 

 

Реконструктивниот зафат следува по целосното санирање на канцеларискиот простор во објектот. Во иднина, репрезентативната шалтерска сала е предвидено да се вклучи во владиниот проект за едношалтерски систем, во која граѓаните ќе можат да завршат дел од нивните обврски кон државата. Објектот „Пошта-1“ е архитектонска творба на авторот Јанко Константинов, за која ја има добиено државната награда „11 Октомври“ во 1975 година.

 

 

Текст и фото: Бојан Блажевски