Претходна статија
Приватен инвеститор ќе го гради новиот Драмски театар
Следна статија
Обзнанета комисијата што го избра дизајнот на двете нови згради во кампусот на УКИМ

Војниците можеби ќе дочекаат стан од проектот „АРМ – мој вистински дом“

Објавено на 15.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По неколку години изминати во најави и нереализирани ветувања кон македонските војници, Министерството за одбрана се огласи со надеж за повторно активирање на проектот „АРМ – мој вистински дом“. Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска објасни дека проектот ќе се реализира во некогашната касарна Илинден, за која во 2009 година се ветуваше дека ќе постане нова населба со 1.400 станбени единици за припадниците на армијата. Надминати се проблемите што настанаа со општина Карпош, со што се отвора можноста за изградба на најавените станбени објекти во касарната.

 

* Едно од идејните решенија на конкурсот од 2010 година (група проектанти: Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља и други)

 

 

„Во моментов имаме 550 војници кои се заинтересирани за купување на стан преку овој проект. Сакаме проектот да се активира со што ќе им се реши станбеното прашање на војниците секогаш кога ќе има потреба“ изјави министерот Јолевски. Воените станови ќе се градат не само за продажба на војниците и старешините, туку и за времено користење. Еден метар квадратен станбена површина е планирано да се продава за максимум 500 евра, при што лицето вработено во АРМ без свој дом нема да плаќа камата за купениот стан. Првичната замисла беше воените станови да бидат изградени и предадени во употреба најдоцна до крајот на 2011 година.

 

Во скопската касарна Илинден е определен простор со површина од 95 хектари за подигање на нови објекти. На дел од нив ќе градат приватни инвеститори, преку продажба на градежни парцели од страна на Општина Карпош, додека останатите се предвидени за воените згради. На локалитетот ќе се издигне нова населба, во чии рамки ќе има трговски центри, деловни објекти, куќи за домување, образовни зданија, болници и амбасади.