Општина Дебарца планира да изгради Еко-музеј во живописното село Белчишта во близина на Охрид. Проектот предвидува уредување и заштита на Белчишкото блато и пренамена на стариот училишен интернат во Белчишта. Целокупната флора и фауна во блатото ќе биде предмет на сеопфатна анализа, а заедно со изведбата на Еко-музејот ќе се обучат и 10 туристички водичи низ блатото. Овој проект ќе има потенцијал да го заживее руралниот туризам во Белчишта, кое е лоцирано на само десетина километри од Охрид.
Збогатувањето на туристичката понуда на Охридскиот регион ќе се реализира со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија. Локалните власти од Дебарца добија 241.000 евра за реализација на проектот во наредниот период.