Претходна статија
Огромен скок на бројот на паркиралишта и гаражи во 2012 година
Следна статија
МЕПСО со нови проекти за надградба на електропреносната мрежа

Во Прилеп ќе се проширува вториот дел од улицата „Александар Македонски“

Објавено на 21.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и претставници на Министерството за финансии денеска го потпишаа договорот за реализација на втората фаза од реконструкцијата и проширувањето на улицата „Александар Македонски“ (поранешна „Моша Пијаде“), градежен зафат со кој е предвидено Прилеп да добие уште еден современ булевар со четири коловозни ленти. По завршувањето на првата етапа од проширувањето на улицата од источниот влез на градот, предвидено е да се пристапи кон реконструкција на сообраќајна траса, на потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до крстосницата кај некогашната фабрика „Солидност“, во вкупна должина од околу 1.200 метри. „Улицата со авениски димензии ќе биде широка 15 метри, со по две коловозни ленти од двете страни, а на средината ќе има зелен појас и осветление. Од двете страни се предвидени велосипедски и пешачки патеки“, изјави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

 

Мапа: Проширување на улицата Александар Македонски во ПрилепСо реализацијата на втората фаза од овој проект, Прилеп ќе добие булеварска врска помеѓу влезот на градот од магистралниот пат Градско – Прилеп до централното градско подрачје. Од локалната самоуправа нагласуваат дека веќе се започнати градежните активности на трасата помеѓу бензинските пумпи на „Лукоил“ и „Макпетрол“ и дека истите се одвиваат во континуитет според планираната динамика. Првата етапа од реконструкцијата на улицата „Александар Македонски“ во должина од 800 метри започна на почетокот од ноември минатата година, со заем во износ од 30 милиони денари обезбедени од Светска банка, додека довршувањето на проектот ќе се одвива со средства од општинскиот буџет.

 

 

» Форумска дискусија за сообраќајот во Прилеп