Претходна статија
Ќе се корегира проектната документација за патната врска од Куманово кон Косово
Следна статија
Зголемени трошоците за изградба на индивидуални куќи

Во новите еко – населби во Карпош би живееле околу 9.600 жители

Објавено на 05.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Карпош ќе биде првата локална самоуправа што ќе го примени концептот за еко – населби на неколку локации во Злокуќани и во Бардовци. Во овие мали еко – заедници би живееле околу 9.600 жители и истите ќе користат обновливи извори на енергија за разлика од досегашниот традиционален начин на затоплување. Општинските власти, во соработка со Македонската секција на Меѓународниот центар за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи, вчера ја одржаа втората техничка обука во рамки на проектот „CoolHeating“.

 

*Извор на фотографија: Општина Карпош

 

Во периодот до крајот на 2018 година ќе треба да се изработат стручни елаборати, студии и технички проекти за реализација на идните еколошки населби. Планираните објекти за домување би користеле греење и ладење од термални пумпи, кои работат на принципот „вода – вода“ и „земја – вода“, паралелно со употребата на соларни колектори за топла вода.

 

Проектот „Продор на пазарот на мали модуларни системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија“ има за цел да овозможи пренос на искуства и знаења од областа на проектирањето и планирањето на мали системи за централно греење и ладење, кои би ги ползувале обновливите извори на енергија. Активностите од проектот „CoolHeating“ се имплементираат во неколку целни заедници: Општина Карпош (Македонија), Високо (БиХ), Љутомер (Словенија), Шабац (Србија) и Озаљ (Хрватска). Земји – партнери на овој проект се Австрија, Германија и Данска, каде што веќе се применува концептот на обновливо централно греење и ладење.