Претходна статија
„Сектрон“ е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2013 година
Следна статија
Регионалните депонии во Македонија остануваат на хартија

Во Неготино се нудат парцели за фабрики и објекти за домување

Објавено на 22.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Огласени се за продажба парцели наменети за изградба на објекти од лесната индустрија и стоваришта, индивидуални куќи за домување и станбена зграда на територијата на општина Неготино. Локалната власт на инвеститорите им нуди градежно земјиште со вкупна површина  од 126.755 метри квадратни. За подигање на фабрики и стоваришта, огласени се седум парцели со големина од 3.865 до 35.840 метри квадратни, по почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Во делот на индивидуалното и колективното домување, на продажба е понудено земјиште со површина од 2.561 метри квадратни за изградба на станбена зграда и пет парцели со површина од 348 до 466 метри квадратни за изградба на куќи.

 

Проценетата вредност на земјиштето наменето за колективен станбен објект изнесува 680 денари за метар квадратен, додека она што е предвидено за изградба на индивидуални домови е проценето на 61 и на 373 денари за метар квадратен. Пријавите за учество на закажаната лицитација може да се достават најдоцна до 23 јануари 2014 година, а електронското наддавање ќе се одржи на 27 јануари. По изборот на најповолен понудувач меѓу заинтересираните граѓани и компаниите, ќе се пристапи кон исплата на постигнатата сума и склучување на купопродажни договори помеѓу општина Неготино и инвеститорите.