Претходна статија
Општина Центар избра 10 згради за реконструкција на фасадите
Следна статија
Се гради фабрика за автобуси во Бунарџик

Во Маџир Маало ќе се вивнат станбени згради, булеварот Крушевска Република останува во игра

Објавено на 20.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Советот на општина Центар го донесе Деталниот урбанистички план за Маџир Маало со кој се предвидува старите куќи од последното неурбанизирано јадро во центарот на Скопје да се заменат со станбени згради, објекти за деловни намени, хотел и црква, при што и понатаму останува зацртана трасата на булеварот Крушевска Република. Во новиот ДУП доминираат објектите за колективно домување кои достигнуваат висина и до седум ката, а предвидена е изградба на црква на улицата 59. На крстосницата на булеварот Кузман Јосифовски – Питу е зацртано поставување на споменик со фонтана, но и хотел кој е лоциран веднаш до фонтаната.

 

 

 

 

Во планот за иден развој на овој сегмент од центарот на Скопје е вцртан и булеварот Крушевска Република, кој го дели Маџир Маало на два дела и предизвикува континуирани негодувања од граѓаните чии имоти се лоцирани на сообраќајната траса зацртана уште во 60 – тите години од минатиот век. Најнов момент во целокупната недоумица со неизвесната судбина на овие градежни парцели и 50 -тина куќи се изнесените барања на Исламската верска заедница во текот на вчерашната стручна расправа за урбанистичкиот план за Град Скопје за овозможување изградба на џамија на трасата на овој булевар, на земјиште што е во нивна сопственост. Со Нацртот на ГУП за периодот 2012 – 2022 година и понатаму останува зацртана сегашната траса на булеварот Крушевска Република.

 

 

» Форумска дискусија за Маџир Маало