Претходна статија
Поништен тендерот за реконструкција на пристапниот пат до браната „Козјак“
Следна статија
И годинава субвенции за сончеви колектори и прозорци во домаќинствата

Во Крива Паланка ќе се реконструира градскиот плоштад

Објавено на 31.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Крива Паланка деновиве го распиша огласот за пронаоѓање на компанија што ќе го изработи основниот проект за реконструкција на градскиот плоштад. Општинските власти сметаат дека плоштадот во централното градско подрачје со години е неусогласен со потребите за современо решение во функција на граѓаните. „Потребно е да се изработи современо решение кое ќе ги опфати сите потребни функции на плоштадот, вклучително и нивелациско, сообраќајно решение, решение за подземните и надземните инсталации, осветлувањето и сл.“ се вели во објавениот повик.

 

*Извор на фотографија: Општина Крива Паланка

 

Заинтересираните бироа при идната работа ќе треба да ја земат во предвид досегашната состојба со плоштадот, но и досегашната проектна документација. Општина Крива Паланка во 2016 година спроведе Конкурс за избор на идејно – архитектонски решенија по кои би се реконструирал плоштадот со површина од 10.000 метри квадратни. За изработка на основниот проект за градскиот плоштад е предвидено да се одвојат 20 дена по потпишувањето на договорот со најповолниот понудувач. За изготвување на проектната документација ќе се издвојат околу 350.000 денари од општинскиот буџет.

 

Понудите на компаниите заинтересирани за учество на тендерот треба да се достават најдоцна до 4 април. По изработката на основниот проект, Општина Крива Паланка ќе пристапи кон реализација на реконструкцијата и партерното уредување на градскиот плоштад.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk