Општина Карпош е во завршна подготовка на проектот за нова еко населба на потегот меѓу селата Злокуќани и Бардовци. Градоначалникот на општината Стефан Богоев вели дека има голем интерес кај инвеститорите за вложување во овој дел од општината. Тој укажа дека нов момент е и фактот што Универзитетско – клиничкиот центар ќе се гради во непосредна близина на планираната населба. „Оваа еко населба ќе има олеснат пристап и преку изградбата на мостот над реката Вардар, проект кој е во процес на подготовка, а ќе го спроведеме заедно со Град Скопје“ рече Богоев.
Изработката на проектот за нова еколошка населба на територијата на општина Карпош е рамките на проектот Cool Heating. Општинските власти деновиве беа домаќин на триесетина гости од девет земји што учествуваат во овој проект. Тие ја посетија и локацијата во близина на Зајчев рид, каде што треба да биде спроведена Студијата за новата населба.