Претходна статија
Плоштад Слобода организира работилница за деца, за модернистичката архитектура на Скопје
Следна статија
„Иванов инженеринг“ ќе го изработи новиот ГУП за Струга

Во ДУП-овите да се вметнат велосипедски улици и задолжителен вело паркинг во зградите, бараат велосипедистите

Објавено на 24.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Моменталната законска регулатива не предвидува проектирање на велосипедска улица и пат во Македонија, иако ваквите инфраструктурни објекти со години наназад се градат во европските земји. Од граѓанската иницијатива „НаТочак“ бараат да се промени ваквата негативна пракса. Тие поднесоа официјални предлози за промена на законски и подзаконски акти, со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се подобри животот во градовите. Првиот чекор зацртан од „НаТочак“ е да се променат делови од Законот за просторно и урбанистичко планирање и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.

 

*Велосипедистите бараат задолжителни вело-паркинзи пред секој новоизграден објект

 

„Нашите досегашни предлози ги испративме до Комората на инженери и архитекти на 30-ти март после нивниот повик до членовите инженери. Иако ‘НаТочак’ не е дел од членството на Комората, од таму беа расположени да ги примат нашите предлози и да ги земат предвид во натамошниот процес“ велат од „НаТочак“. Велосипедистите бараат да се воведат велосипедската улица и пат како нови категории на улици при идното урбанистичко планирање во земјава.

 

Меѓу предложените измени во планерската и градителската легислатива, велосипедистите бараат воведување на задолжителен велосипедски паркинг при изградбата на нови објекти, да се предвиди минимален број на паркинг места за велосипеди за секој објект, но и урбаната опрема поставена на јавните површини да не го попречува движењето на пешаците и велосипедистите.