Општина Центар во изминативе четири години реконструирала 15 улици во скопската населба Дебар Маало, со вкупна должина од околу 4.000 метри. Последна од низата градежни зафати е санацијата на коловозот на улицата „Наум Наумовски – Борче“, на потегот од кружниот тек во Дебар Маало до булеварот „Илинден“ со вкупна површина од 1.087 метри квадратни. Со проектот е изваден стариот макадам на длабочина од 40-тина сантиметри и поставени се по два слоја тампон и асфалт. На трасата е подобрено одведувањето на атмосферските води преку вградување на нови сливници.
* Извор на фотографија: Општина Центар
Во претходната фаза, општина Центар ја санираше улицата „Наум Наумовски-Борче“, на делот од булевар „Партизански одреди“ до улицата „Ленинова“. Од локалната самоуправа информираат дека следна за реконструкција во населбата Дебар Маало е улицата „Коле Неделковски“.