Во Дебар Маало 15 реконструирани улици во изминативе четири години
Општина Центар во изминативе четири години реконструирала 15 улици во скопската населба Дебар Маало, со вкупна должина од околу 4.000 метри. Последна од низата градежни зафати е санацијата на коловозот на улицата „Наум Наумовски – Борче“, на потегот од кружниот тек во Дебар Маало до булеварот „Илинден“ со вкупна површина од 1.087 метри квадратни.