Претходна статија
Модернистичката архитектура на Косово на 16 октомври гостува во Музеј на град Скопје
Следна статија
Индустриските зони во Момин Поток и Визбегово ќе добијат водовод

Во август започнала постапката за изградба на 285 нови станови низ земјава

Објавено на 10.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Инвеститорите во недвижности пројавиле помал интерес за изградба на нови станбени објекти во текот на август 2018 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во осмиот месец биле издадени одобренија за градење на 285 станови со вкупна корисна површина од 24.783 метри квадратни. Споредено со идентичниот период лани, бројката на предвидени станови е намалена за 49%, додека нивната квадратура опаднала за 44,9%. Најголем интерес за изведба на нови живеалишта има кај компаниите, кои во август успеале да се стекнат со градежни дозволи за 148 нови станови со површина од 8.348 метри квадратни. Во останатите домови е предвидено да инвестираат физички лица.

 

Статистичките показатели не укажуваат на поголеми промени во однос на местоположбата на становите што допрва ќе се градат. Дури 171 од новите станови ќе се градат во Скопскиот регион, при што најмногу одобренија за градење на ниво на целата земја издала општина Гази Баба, на чија територија ќе се издигнат 121 станови. Во делот на квадратурата на овие живеалишта, најголем интерес во август 2018 година имало за изведба на двособни (109) и еднособни станови (57).

 

Извештајот на Државниот завод за статистика покажува дека во август 2018 година се издадени 192 одобренија за градење, што е за 17,2% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на објектите изнесувала 1.513.987 илјади денари, што е за 52,4% помалку во однос на идентичниот период лани. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 102 (53,1%) се наменети за објекти од високоградба, 30 (15,6%) за објекти од нискоградба и 60 (31,3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 192 објекти, на 127 (66,1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 (33,9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk