Претходна статија
„Орка Холдинг“ донира пешачки мост кај болницата Систина
Следна статија
Се обновува фасада на објект од староградската архитектура во Охрид

Во април е намален бројот на предвидени станови за градење

Објавено на 09.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Физичките лица и деловните субјекти во април 2015 година се стекнале со одобренија за градење на 412 станови, со вкупна корисна површина од 30.939 метри квадратни. Во споредба со идентичниот месец лани, бројот на предвидени станови за градење е намален за 2,4%, додека нивната корисна површина е помала за 15,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Градежните компании и останатите деловни субјекти во наредниот период планираат да градат 252 станови со корисна површина од 14.172 метри квадратни, додека преостанатите колективни згради и куќи за домување со стекнати градежни дозволи во месец април е предвидено да ги градат физички лица.

 

 

 

 

Како и во претходните месеци, вниманието на инвеститорите е насочено кон вложување во изградба на трисобни (189) и на двособни станови (78) на територијата на целата земја. Денеска објавениот статистички извештај открива дека најмногу одобренија за градење во април 2015 година се издадени во скопскиот регион, и тоа за 253 станови, а по него следуваат југоисточниот со 64 и полошкиот со 39 станбени единици. На врвот од списокот на општини во кои најмногу ќе се градат нови живеалишта во наредниот период е скопски Аеродром со 191 предвидени станови за градење, а по него се општина Струмица (44) и скопската општина Карпош (37).

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртиот месец од годинава се издадени 210 одобренија за градење, што е за 2,4% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Предвидената вредност на објектите изнесува 2.507.469 илјади денари, што претставува намалување од 80% во однос на идентичниот период лани. Намалената вредност се должи на фактот што во 2014 година биле издадени одобренија за градење на останатите делници од новите два автопати, истакнуваат статистичарите. Тие во публикуваниот извештај додаваат дека од вкупниот број на издадени градежни дозволи, 127 (60,5%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (20%) за објекти од нискоградба и 41 (19,5%) за објекти за реконструкција.

 

 

Бојан Блажевски