Претходна статија
„Гранит“ ќе ја гради новата зграда за идните актери покрај Вардар
Следна статија
Состојбата во градежниот сектор неповолна, опаѓа бројот на издадени дозволи за градење

Во 2011 година се отпочнати со градба вкупно 6.286 станови

Објавено на 06.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Успешна 2011 година за македонските компании кои се занимаваат со изградба на станбени објекти, барем ако се суди според објавените информации на Државниот завод за статистика. Во текот на претходната година на територијата на Република Македонија правните и физичките лица предвиделе изградба на 6.286 станови со корисна површина од 532.726 метри квадратни, односно просечната површина изнесувала 84,7 метри квадратни.

 

 

 

 

Само во текот на декември 2011 година е предвидена изградба на 618 станови со корисна површина од 54.637 метри квадратни. Статистичките податоци по региони низ државава го потврдуваат нашироко прифатеното мислење дека најмногу станови се градат во Скопје. Во регионот на главниот град се регистрирани вкупно 2.516 нови станови во изградба, што претставува 40% од целокупната сума што е пресметана за целата држава.

 

Втората позиција ја држи полошкиот регион, каде во 2011 година биле предвидени 1.258 станови за изградба. На трето место е југозападниот регион, каде градежните компании од овој сектор и индивидуални лица планирале да подигнат вкупно 1.119 станови. На ниво на општини, во текот на минатата година водечките позиции ги задржаа скопските Аеродром, Карпош, Центар и Кисела Вода, како и Тетово, Гостивар, Охрид и Струга. „Билд“ исконтактира со неколку компании кои се занимаваат со изградба на станови на територијата на државава, но ниту една не беше расположена да ги искоментира публикуваните статистички податоци.

 

 

Бојан Блажевски