Претходна статија
Инфраструктурниот проект за автопатот Букојчани - Гостивар ќе биде готов до декември
Следна статија
Втор тендер за доградба на водоснабдителниот систем во Гостивар

Владата смета дека Охрид нема да се најде на Листата на Светско наследство во опасност

Објавено на 14.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонската влада смета дека презела соодветни мерки и активности со кои е отстранета опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско културно наследство на УНЕСКО. И покрај тоа што половина месец доцни испраќањето на Извештајот за напредок во имплементацијата на препораките, владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за изработката на овој извештајот, кој доаѓа по минатогодишната посета на реактивната мониторинг мисија на Центарот за светско наследство.

 

 

Од владата во објавеното соопштение не наведуваат кои мерки и активности се преземени за да се отстрани опасноста пред која се наоѓа Охрид и Охридското езеро. „Владата го задолжи Министерството за култура, преку Националната комисија за УНЕСКО да го достави извештајот до Центарот за културно наследство на УНЕСКО, во рок од 10 дена од усвојувањето на информацијата“ се вели во соопштението.

 

Невладината „Охрид СОС“ пред две недели објави дека е неопходно да се спроведат девет препораки зададени од реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, меѓу кои се и трајното отфрлање на планот за изградба на скијачки центар на Галичица, отфрлање на сегменти од планираниот експресен пат Охрид – Свети Наум, но и стопирање на процесите за легализација на бесправно изградените објекти. Предложените мерки се ригорозни, но тие се единствата можност за да се отстрани опасноста УНЕСКО да го впише Охрид и Охридското езеро на Листата на светско наследство во опасност.