Претходна статија
Меѓународниот и меѓуградскиот превоз во подем
Следна статија
Се подготвува реконструкција на „Партизанска“

Владата продолжува со надоградување на „Скопје 2014“

Објавено на 20.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонската влада ќе реализира нови зафати од проектот „Скопје 2014“. Откако беше целосно променет изгледот на некогашната „Це-Ка“, владината Служба за општи и заеднички работи сега бара идејно решение и основен ревидиран проект за реконструкција на фасадата на објектот лоциран до седиштето на Владата. Наместо вообичаениот архитектонски Конкурс, распишан е оглас за прибирање на понуди од заинтересираните субјекти што ќе ја подготват целокупната проектна документација. Проценетата вредност на договорот е 124.000 денари. Понудите по овој оглас треба да се достават најдоцна до 26 август, или само шест дена од неговото објавување на веб – страницата на Бирото за јавни набавки.

 

 

 

Покрај менувањето на надворешниот изглед на објект околу владиното седиште, извршната власт е решена со државни средства да го избере ентериерното уредување на идната Градска куќа, која во моментов се гради на плоштадот „Македонија“. Владината Служба за општи и заеднички работи денеска го објави огласот за изготвување на идејно архитектонско решение и основен ревидиран проект за ентериерно уредување на резиденцијалниот дел на градската куќа и матичната служба во Скопје. Овој објект во моментов го гради рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Според податоците од веб – страницата на Бирото за јавни набавки, проектната документација е проценето дека ќе чини 788.136 денари, без вклучен ДДВ. Заинтересираните субјекти имаат рок до 1 септември за да ги достават своите понуди.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk