Претходна статија
Автобускиот транспорт со негативни резултати на крајот од 2015 година
Следна статија
Годинава ќе се градат 10 нови и ќе се реконструираат 60 стари училишта

Владата ќе продолжи со изградбата на социјални станови и во 2016

Објавено на 19.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев на прес – конференција денес најави продолжување на проектот за изградба на социјални станови за ранливите категории на граѓани во заедницата. Тој информираше дека во моментов се градат 43 станови во Кочани и една социјална зграда со 10 станови во Македонски Брод. Со финансиски средства од државниот буџет, АДСДП набрзо треба да ја започне изведбата на нова зграда со 70 станови за социјално ранливите категории на граѓани во Гостивар. Во наредниот период ќе биде реализирана тендерска постапка за изградба на четири нови објекти со вкупно 175 станбени единици во Пехчево, Виница, Свети Николе и Пробиштип.

 

Владиниот портпарол Ѓорѓиев најави дека изградбата на сите овие социјални станови ќе започне во текот на втората половина на 2016 година, или пак, на почетокот од следната година. Според податоците на Владата, во периодот 2007-2015 година се завршени вкупно 678 нови домови за социјално ранливите категории на граѓани во вкупно 13 македонски градови.