Претходна статија
И Радовиш сака да се гасифицира до крајот на 2020 година
Следна статија
По автобусот, укинат е и експресниот воз од Скопје за Солун

Владата ќе гради нов објект за Државниот архив

Објавено на 03.04.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

По помалку од пет години од официјалното пуштање во употреба на постојниот објект, владата е приморана да гради нова зграда за Државниот архив. Убедливо најскапата градба од проектот „Скопје 2014“ не овозможува соодветни услови за складирање и заштита на архивскиот материјал, а дополнителен проблем е и континуираното прокиснување во објектот. Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцеларискиот простор и депото на Архивот на Македонија. Предложеното решение од владата е изградба на нов соодветен објект за сместување на оваа државна институција.

 

 

Воедно, владата го задолжи Државниот архив да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов, информираат од владината прес-служба. Оваа градба од проектот „Скопје 2014“ беше пуштена во употреба на 8 септември 2013 година. Градежните работи се изведуваа цели четири години, а во објектот се сместени три институции – Уставниот суд, Археолошкиот музеј и Архивот на Македонија. Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, за изградбата на овој објект се потрошени над 42 милиони евра.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект