Претходна статија
Усвоени првите ревидирани ДУП-ови во општина Центар по мораториумот
Следна статија
Нов Конкурс за идејно решение за рекреативниот центар „Младост“ во Неготино

„Визер“ ги воведе првите четири од новите осум дестинации од двата аеродрома

Објавено на 19.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Од Скопје до Баден Баден и Бремен (Германија), од Охрид до Малме (Шведска) и Милано (Италија). Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ деновиве ги воведува првите четири од договорените осум нови дестинации од двата македонски аеродроми. Првиот лет од Скопје до Баден Баден денеска полета во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и координаторот за операции во ТАВ Македонија Неџат Курт.

 

 

„Авиосообраќајот е ставен на високо ниво во нашата агенда. Крајната цел е да имаме квалитетен и безбеден авиосообраќај“, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој дополни дека во првите два месеци од 2019 година е регистриран пораст кај бројката на патници од 4% во споредба со идентичниот период лани, при што ваквиот раст се очекува да се зголеми во наредните месеци.

 

Покрај овие четири линии, унгарски „Визер“ од јули годинава е предвидено да воспостави нови авионски линии од охридскиот аеродром до Меминген и Дортмунд (Германија) и од скопскиот аеродром до Турку (Финска) и Ларнака (Кипар). Субвенциите од македонската влада за воведените нови осум дестинации од аеродромите во земјава се доделени за периодот од 2019 до 2022 година.