Повеќе стока превезена со камиони, возови и авиони во третиот квартал
Товарниот сообраќај со забележителен пораст во третиот квартал од годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јуни – септември 2018 година количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2,2%, во воздухопловниот транспорт за 68,5%, додека во железничкиот сообраќај е зголемено за 20,9% во однос идентичниот период лани.