Скопскиот аеродром „Александар Велики“ од март наредната година ќе го добие долгоочекуваното поврзување со земјите од Средна Европа. Нискобуџетната авио компанија „Виз Ер“ денеска најави воведување на три нови авио линии од македонската метропола до Братислава, Берлин и Копенхаген. Првиот лет кон Берлин ќе биде на 21 март, додека летовите кон Братислава и Копенхаген ќе започнат да се реализираат од 22 и од 28 март. Билетите веќе се пуштени во продажба со цени од 599 денари. Од „Виз Ер“ се убедени дека овие линии ќе бидат популарни помеѓу македонските граѓани.
Нискобуџетната авио компанија „Виз Ер“ во моментов оперира од македонските аеродроми до 24 дестинации во 11 земји. Најновите дестинации доаѓаат откако на почетокот од јуни годинава се воведоа нови авио линии од Скопје до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен, како и од Охрид до Лондон и Базел.