Претходна статија
1,2 милиони евра за три фасади на улица „Македонија“
Следна статија
Штипски „Бетон“ го продава „Омега билдинг“

Вештачки земјотрес ги стресе облакодерите на „Џеваир“

Објавено на 20.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска беше извршено сеизмичко тестирање на највисоките згради во Македонија – четирите облакодери на „Џеваир“ кои се градат во скопски „Аеродром“, високи по 130 метри. Со предизвикување на вештачки земјотрес со магнитуда од 4 степени според Рихтер, објектите покажаа дека не би имале никаков проблем да ја издржат јачината на скопскиот земјотрес од 1963 година.

 

извор: Џеваиризвор: Џеваиризвор: Џеваиризвор: Џеваир

 

 

Испитувањето се спроведуваше со вибратори поставени на 40-от кат, кои прозиведуваат пет тони хоризонтална сила. Неколку вакви вибратори ротираат и влегуваат во резонанца, создавајќи вибрации што симулираат вистински земјотрес. Истовремено 400 сензори по целата висина на зградата собираа податоци за добивање на прецизна геометриска слика за движењето на зградата во вакви услови. Симулацијата ја изведе скопскиот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

 

„Kога станува збор за локални земјотреси, повисоките згради имаат поголема флексибилност на издржување со оглед на тоа што периодот на конструкциите е на две секунди, а кога станува збор за скопските локални земјотреси потешко или воопшто не ги побудиле ваквите згради. Затоа и повеќепати сум истакнал дека високите згради се препорачливи како градби за Скопје и за останатите градови, кои пак се поосетливи на далечни земјотреси, но поради нивната мала енергија, нема да имаат разорно дејство“ објасни директорот на ИЗИИС, Михаил Гаревски. Тој додаде дека тестовите ќе бидат вршат уште 20 дена.

 

Облакодерите имаат по 42 спрата и вкупна површина од 286.000 метри квадратни. Започнаа да се градат уште во 2010 година, а официјално почетокот на изградбата беше означен во јули 2012 година. Од „Џеваир“ најавуваат дека првата зграда ќе биде вселива до Нова година, а целиот комплекс ќе биде готов кон крајот на 2017 година или во првиот квартал од 2018 година. „Не се продадени сите станови, меѓутоа сме задоволни од процентот на до сега продадените“, велат од „Џеваир, без да ја прецизираат точната бројка.

 

 

 

» Форумска дискусија за овој проект