Претходна статија
Просечната цена на становите лани опаднала за 6,2%
Следна статија
Повторно проблеми со Законот за градење

Велешка НА-МА ќе прерасне во модерен трговски центар

Објавено на 08.03.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Започна реконструкцијата на некогашната стоковна куќа НА-МА во центарот на Велес [»мапа], која во иднина е предвидено да прерасне во трговски центар со површина од 4.077 метри квадратни, за што ќе бидат вложени околу 600 илјади евра за интервенција во надворешниот изглед и за целосно преуредување на ентериерот. Инвеститорот „Центро Вемол“ од Велес планира во објектот да има супермаркет, продавници на познати трговски ланци, ресторан, експозитури на банки, игротека за деца и панорамски лифт. Во моментов се водат преговори со домашни и странски компании околу тоа кои брендови ќе се најдат во понудата на трговскиот центар.

 

 

 

Според предвидената динамика, најпрво ќе се интервенира во внатрешноста на објектот и во делот на постоечкиот маркет. Изведувач на градежните работи ќе биде компанијата „Делта Пром“ од Велес. Стоковната куќа НА-МА беше продадена во текот на ноември 2012 година.