Претходна статија
Изработен проектот за зазеленување на покривот на ГТЦ
Следна статија
Со заем од 26,2 милиони евра ќе се олеснува транспортот и трговијата во Западен Балкан

Велес ќе ја разгледа можноста за пронаоѓање приватен партнер за Градскиот базен и Офицерскиот дом

Објавено на 20.02.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Велес ќе изработи две физибилити студии за да ја открие оправданоста од воспоставување на јавно – приватно партнерство при изградбата на градскиот базен и реконструкцијата на Офицерскиот дом во градот. Локалните власти го распишаа огласот за пронаоѓање на консултант што ќе ги подготви советодавните документи, кои треба да покажат дали е исплатлива опцијата да се изберат приватни партнери што би ги реализирале двата крупни проекти што му се неопходни на Велес.

 

*Извор на фотографија: Општина Велес

 

Проектната документација за санација на Офицерскиот дом во Велес беше изготвена уште во 2017 година, а владата лани одлучи да ја префрли сопственоста на ова здание во рацете на локалната самоуправа. Општина Велес тогаш најави дека ќе се пристапи кон реконструкција на објектот, која што ќе овозможи повторно пуштање во употреба на овој препознатлив објект во центарот на градот. Дополнителен проект постои и за изградба на затворен градски базен, а до претстојново лето е предвидено да се реконструира и сегашниот отворен базен во Велес.

 

Двете физибилити студии е очекувано дека ќе чинат околу 190.000 денари, при што консултанските услуги е предвидено да се комплетираат во текот на претстојната пролет.