На денот на одбележувањето на 54 години од катастрофалниот земјотрес, неформалната иницијатива „На Точак“ организира групно возење велосипеди под мотото „Замисли го Скопје како вело-град“. Критична маса #63 ќе стартува од Плоштадот Македонија, со почеток од 19 часот, а крајната дестинација е Музејот на современа уметност. Овој настан се одржува секоја последна среда во месецот, а истиот годинава се поклопува со одбележувањето на 26 јули.
„Доаѓаат локални избори. Како граѓани да им дадеме акцент на позелените, поздравите и поквалитетни замисли за Скопје. Обично таквите визии за градот се ставени во секторот “алтернативни”, додека во мејнстримот се одржува статус-квото, а тоа за Скопје значи: тонење во загаденост, небезбеден сообраќај, хаос, неквалитетен град за живот“ велат од „На Точак“.