Турскиот инвеститор кој во општината Аеродром веќе ги гради првите облакодери во државава, ја купи и соседната парцела со иста намена. Се работи за „Турк Мак Иншаат Санаји Ве Тиџарет ЛТД“, фирма на турскиот холдинг Џеваир (Cevahir Holding A.Ş.), која со понуда од 4.700 денари за метар квадратен, односно вкупно околу 950.000 евра, го доби земјиштето со површина од 12.460 метри квадратни. Површината за градење изнесува 7.153 метри квадратни, бруто развиената површина 351.428 метри квадратни, а максималната висина до венец е 500 метри со катност П+124. На парцелата инвеститорот е должен да изгради најмалку еден висококатен објект кој не може да има катност помала од П+33, со бруто развиена површина од најмалку 20.000 метри квадратни. Предвидена е основна класа на намена А2 – семејно домување во станбени згради застапена минимум 60% и компатибилни намени до 40 %. Ова беше втор обид на државата да ја продаде оваа парцела. Турците треба да финишираат со изградбата најдоцна 6 години после добивањето на одобрение за градба, кое мора да го обезбедат во наредниве 9 месеци. Тие најавуваат изградба на 40-катници високи по околу 130 метри, кои ќе ги завршат долго пред истекот на роковите.