Претходна статија
Опозицијата и власта се препукуваат околу Законот за градење
Следна статија
Свечено отворени саемите Технома 2014 и Транспорт и логистика 2014

Уште „барокни“ фасади на улиците „Македонија“ и „Никола Вапцаров“

Објавено на 13.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје продолжува со проектот за видоизменување на надворешниот изглед на објектите што се лоцирани во строгиот центар на Скопје. Градежната фирма „Пелагонија“ од Гостивар е избрана како најповолен понудувач за најавената реконструкција на првиот дел од зградата со број 39 на улица „Македонија“. Санациониот зафат на овој објект што се наоѓа на централната пешачка зона ќе чини 45.807.991 денари или околу 745 илјади евра. Временскиот период за реализација на санациониот зафат изнесува 12 месеци. Изведбата на „барокна“ фасада на објектот ќе се спроведува врз основа на победничкото идејно решение на авторите Жарко Чаушевски и Звонко Ставревски, кои се познати како архитекти кои учествуваа и на бројни други конкурси од проектот „Скопје 2014“.

 

 

 

Покрај за оваа фасада, градската власт во изминативе неколку дена распиша и нови огласи за пронаоѓање на компании што ќе ја изведуваат реконструкцијата на фасадата на зданието „Сити Галери“ и на објектот со број 10 на улицата „Никола Вапцаров“. За промена на постојниот изглед на овие две згради е планирано да се издвојат финансиски средства во висина од 175.627.117 денари, односно околу 2,9 милиони евра.

 

 

Бојан Блажевски