Претходна статија
„Адора“ започна со изградба на висококатница во Кисела Вода
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Се изведуваат столбовите на Панорамското тркало

Уште 200.000 евра за пристапната улица до плоштадот „ВМРО“

Објавено на 02.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За поставување на осветлување за пристапната улица до новиот плоштад „ВМРО“, Град Скопје планира да потроши над 12 милиони денари, односно 200.000 евра без вклучен ДДВ. Деновиве беше објавен тендерот за избор на компанија што ќе ги постави новите канделабри, што ќе треба да го осветлат просторот што води кон седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Фирмите што имаат интерес да учествуваат во тендерската постапка треба да ги достават своите понуди до 19 август, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач.

 

 

 

За пристапната улица до плоштадот „ВМРО“ од градскиот буџет веќе се потрошија над 15 милиони денари на почетокот од мај годинава. Истовремено, градежните екипи на „Урбан инвест“ изминатиов период работеа на изградба на новиот плоштад со површина од 681 метри квадратни. Пресметките говорат дека самиот плоштад, заедно со пристапната улица и осветлувањето, ќе ги чини граѓаните на Скопје минимум 1,7 милиони евра.

 

 

Бојан Блажевски