Претходна статија
Кредит од 2 милиони евра за охридската инфраструктура
Следна статија
Неизвесно е кога ќе се постави милионската ограда на мостот „Слобода“

Турски „Ајдин“ заинтересиран да гради висококатници во Прилеп

Објавено на 03.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Турската компанија „Ајдин“ од Истанбул има интерес да гради станбено – деловен комплекс во Прилеп. Комплексот би се состоел од две кули од десетина ката во централното градско подрачје. Инвеститорите денеска се сретнаа со прилепскиот градоначалник Марјан Ристевски, при што го запознаа со замислениот проект во вредност од 12 милиони евра. Постојат неколку локации што досега се разгледани од турската компанија, но најголем интерес имаат покажано за местото каде е лоцирана старата општинска зграда.

 

##

 

 

Покрај станбени единици за колективно домување, комплексот би имал и СПА центар, болница, детска градинка, дом за стари лица, катна гаража и други пропратни содржини. Компанијата „Ајдин“ се одлучила да инвестира за прв пат во Македонија токму во Прилеп. „Дел од менаџерскиот тим на турската компанија се присутни повеќе пати во Прилеп, разгледувајќи ги понудените локации“, изјави прилепскиот градоначалник Марјан Ристевски.