Претходна статија
Државното земјиште под дивоградбите ќе може да се откупи за едно евро по метар квадртен
Следна статија
Најавениот споменик на Мајка Тереза прерасна во објект висок 32 метри

Цената на плоштадот „Карпошово востание“ надмина 10 милиони евра

Објавено на 14.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Центар потпиша уште еден договор со градежната компанија „Бетон“ од Скопје за партерно уредување на плоштадот „Карпошово востание“ во центарот на Скопје. За финалната фаза од изградбата на идниот јавен простор кај црквата „Св. Димитрија“ се одвоија дополнителни 50.503.174 денари или околу 820.000 евра, со што инвестицијата во овој проект се искачи на 439.005.883 денари или над 7,1 милиони евра, иако на почетокот се тврдеше дека целиот зафат ќе чини околу 5 милиони евра. Ако се земе во предвид и сумата за лиење на скулптурите во италијанската леарница „Гуастини“ и хонорарот за изработката на скулптурите од уметницата Валентина Стевановска, тогаш вкупната вредност на идниот плоштад изнесува над 10 милиони евра. Изведбените активности за партерно уредување на плоштадот ќе се реализираат во наредните 12 месеци и истите треба да завршат најдоцна до крајот на 2013 година.

 

Проектот за плоштадот „Карпошово востание“ предвидува изведба на четири фонтани, од кои најголемата е онаа во близина на Старата чаршија, на која веќе е поставена скулптурата на Филип Втори во висина од 15 метри врз постаментот со дополнителна висина од 13 метри. На страната од Камениот мост е предвидена помала фонтана, на која веќе е поставена скулптурата „Мајка со дете“ заедно со уште неколку женски фигури. Оперативата на „Бетон“ во моментов ги гради преостанатите две фонтани на плоштадот, кои се лоцирани на двете страни од Камениот мост, пред спомениците на просветителите. Градежните активности на овој проект започнаа во јули 2011 година.

 

Плоштад Карпошово востаниеПлоштад Карпошово востаниеПлоштад Карпошово востаниеПлоштад Карпошово востание