Претходна статија
Со засилено темпо се одвива реконструкцијата на Градската болница во Скопје
Следна статија
Од Кина ќе набавиме четири електрични локомотиви

Целосно обновена и конзервирана црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран

Објавено на 10.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Заврши обновата и конзервацијата на црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран. Со поддршка од Министерството за култура, во изминатиов период се одвиваше целокупниот зафат поделен во шест фази. Најпрвин беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што беше целосно оформен подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности им претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури.

 

Третата фаза подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата, а се одвиваа реставраторско-конзерваторски работи и на внатрешните ѕидови на објектот, оформување на отворите за прозорци и врати, како и финални работи на подот и на скалишниот простор од нартексот. Во 2015 година беше извршено малтерисување на внатрешноста на црквата, а кон крајот на 2016 година беа комплетирани завршните фази од проектот. За обновата и конзервацијата на црквата „Св. Пророк Илија“ беа издвоени финансиски средства од 4 милиони денари.

 

Црквата е изградена во 1848 година, која со својата должина од 30 метри, широчина од 20 метри и висина од 10 метри е значаен и вреден архитектонски споменик. Главен архитект на зданието бил Ѓорѓе Новаков од велешкото село Папрадиште.