Претходна статија
Самит 100 во Скопје: Балканот треба инфраструктурно да се поврзе
Следна статија
Распишан архитектонски Конкурс за реконструкција на објектот „Мала Станица“

Тргни-застани со реновирањето на Музејот за изработка на оружје за време на НОВ

Објавено на 17.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Музејот на град Скопје ја поништи постапката за изработка на основен проект за санација на ентериерот на Меморијалниот музеј на илегалните работници за изработка на оружје за време на НОВ (1941 – 1944), лоциран до Археолошкиот музеј во центарот на Скопје. До музејската установа не била поднесена ниту една понуда од проектантските бироа, со што се отвора потребата за распишување на нов оглас за комплетирање на проектната документација. Идејниот проект за претстојниот зафат е веќе изработен, се нагласува во информацијата објавена на веб – страницата на Бирото за јавни набавки.

Меморијалниот музеј е предвидено да биде целосно саниран и отворен за посетителите во претстојниот период. Проектот предвидува опремување на подземниот простор со нови инсталации, но и поставување на едукативна, аудио и видео опрема. „Партизанската оружарница“ била отворена за посетителите во 1980 година. Музејските експонати го прикажуваат сеќавањето за илегалната работилница што служела за изработка на оружје за партизанските одреди, но и други експонати кои се поврзани со Народно – ослободителната борба. Меморијалниот музеј е под ингеренции на Музејот на град Скопје, заедно со Музејот на Старата скопска чаршија во Скопје.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk