Претходна статија
Карпошовци и оваа сабота ќе протестираат против новите урбанистички планови
Следна статија
Нов лик за постарите станбени згради во Куманово

Трета фаза од изградбата на охридското шеталиште

Објавено на 28.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Охридската локална самоуправа ќе ја догради пешачката патека од каналот Студенчишта до месноста Свети Стефан. Третата фаза од реализацијата на охридското шеталиште ќе се гради на потегот од плажите кон некогашниот хотел „Парк“. За оваа цел Општина Охрид денес објави оглас за пронаоѓање на компанија што ќе ги изведува градежните работи на терен, за кои од локалниот буџет е предвидено дека ќе се потрошат 15.230.275 денари, или околу 250.000 евра без вклучен ДДВ. Во согласност со објавените податоци на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, изведбените активности ќе треба да се спроведат во временски период од 12 месеци. Заинтересираните фирми за учество на тендерот имаат рок до 22 февруари за да ги достават своите понуди за реализација на проектот.

 

 

 

На потегот од каналот Студенчишта до охридските плажи, локалната самоуправа лани ги реализираше првите две фази од пешачката патека со должина од 420 метри. Шеталиштето со широчина од 12 метри се состои од пешачка и велосипедска патека, урбана опрема и ново осветлување. Од охридскиот локален буџет за уредување на овој сегмент од охридското крајбрежје досега беа одвоени околу 200.000 евра. Инфраструктурниот проект во првите две фази го изведуваа фирмите „Еуро Стил“ од Охрид и „Инсталација“ од кичевското село Длапкин Дол.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk