Претходна статија
Нова приватна болница ќе се гради во Карпош 3 пред „Филип Втори“
Следна статија
Фабриката во Дебар е најуспешна помеѓу 105 фабрики на Кнауф во светот

Трет оглас за „барокизација“ на објектот „Ибни Пајко“ во Скопје

Објавено на 14.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје во два наврати не успева да пронајде проектантска куќа што ќе го изработи основниот проект за промена на фасадата на објектот „Ибни Пајко“. Денеска е објавен третиот по ред повик за пронаоѓање на компанија за овој проект, овој пат во пакет со уште една зграда лоцирана на плоштадот „Филип Втори“. Градските власти пресметале дека проектната документација за двата објекта ќе чини над 2 милиони денари, без вкалкулиран ДДВ. Тие ги очекуваат понудите од проектантските куќи најдоцна до 25 јули. Вкупната сума за „барокизација“ на овие згради од центарот на Скопје е непозната.

 

Објектот „Ибни Пајко“ ќе се работи според изработениот архитектонски труд на Лазар Димов и Никола Стакинов. Препознатливото здание од 30-те години на минатиот век ќе треба да добие нова фасада, која ќе ги следи вкусот и преференциите на власта. Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) во два наврати веќе упати апел до архитектите и до проектантските бироа да го бојкотираат обидот на Град Скопје за да го промени ликот на „Ибни Пајко“. Овој архитектонски симбол на Скопје од предвоениот период е проектиран од познатиот автор Глигорие Томиќ.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk