Претходна статија
Пуштена во употреба северната трансферзала во Охрид
Следна статија
Пречистителна станица за заштита на Треска

Тетово ќе добие нов трговски центар

Објавено на 13.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Спендстор“ е името на трговскиот центар кој ќе профункционира во објектот на поранешната фабрика за чевли „Мишка“ во Тетово, покрај булеварот Видое Смилевски – Бато. Објектот со основа од 8.000 метри квадратни во моментов е подложен на опсежна реконструкција и преадаптација, а проектот го изработи Проф. Д-р Владимир Арсовски д.и.а. Градежните активности се отпочнати пред три месеци и во тек е работа на бетонската платформа, електричната инсталација и канали за климатизација.


„Спендстор“ ќе има повеќе од 70 локали распоредени на два ката и нето површина од 8.500 метри квадратни. Објектот исто така ќе содржи мини хотел со 500 метри квадратни, ресторан со 1.100 метри квадратни и со дворно место од 2.000 метри квадратни, како и голема винарија на површина од 200 метри квадратни во подрумскиот дел. Предвиден е паркинг за 400 возила. Инвестицијата се реализира во соработка со Шпаркасе банката, преку која ќе бидат достапни и поволни кредити за купување на локали во „Спендстор“. Отварање на центарот се планира во периодот помеѓу 1 и 15 април годинава.



Форумска дискусија за овој проект » овде