Претходна статија
Градот Скопје ќе го претвори кејот кај ГТЦ во улица
Следна статија
Пропадна и вториот обид за изградба на базен во Шуто Оризари

Тендер за реконструкција на 10 училишта низ земјава

Објавено на 06.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за образование и наука денеска објави тендер за реконструкција на објектите на 10 основни и средни училишта низ земјава. Проектот во вредност од околу еден милион евра ќе ги вклучни основните училишта „Дитуриа“ во скопското село Љубин, „Реџеп Вока“ од тетовското село Бродец, „Браќа Рибар“ од кумановското село Сопот, „Кирил и Методиј“ од кумановско Агино Село, „Гоце Делчев“ од Демир Хисар, „Александар Урдаревски“ од скопското село Блаце, „Братство и единство“ од дебарско Џепиште, „Лирија“ од Тетово, „Јоаким Крчовски“ од скопско Волково и средното училиште „Гостивар“ од Гостивар.

 

 

Со претстојните зафати ќе се реновираат одредени ентериерни и екстериерни делови од училишните објекти, додека два од овие објекти е планирано да бидат целосно санирани. Заинтересираните компании за учество во тендерската постапка се должни да ги достават своите понуди најдоцна до 29 март. Реконструкцијата на десетте образовни објекти ќе започне по изборот на најповолните изведувачи на градежните работи.