Претходна статија
Мал Ринг падна на Уставен суд
Следна статија
Се комплетира Спортскиот центар „Борис Трајковски“

Свечено отворена винаријата „Стоби“

Објавено на 02.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Завчера во Градско свечено беше одбележано заокружувањето на производствениот циклус на винаријата „Стоби“, во која досега се инвестирани 15 милиони евра. Винаријата располага со најсовремена технологија, а нејзиниот капацитет е 4,5 милиони литри вино годишно, со вредност од околу 8 милиони евра. Самата винарија вработува 30 лица, додека на лозовите насади се ангажирани околу 330.


#Капацитетот е лоциран во индустриската зона на Општина Градско, во непосредна близина на стариот пат Скопје – Гевгелија (Р-103). Објектот е во форма на буквата П која е условена од конфигурацијата на теренот, потребата од различни сообраќајни пристапи и максимално искористување на парцелата. Во негов состав влегуваат 8 функционални единки периметрално распоредени околу централниот двор и со вкупна квадратура на сите нивоа од приближно 9.000m². Единките се со пропорција во сооднос од 1:1 (24m х 24 m) и 1:1,618 (24m x 38,8m – златен пресек). Се работи за објект од „отворен карактер“ проектиран и за вински туризам, а без нарушување на технолошкиот процес. Во иднина е предвидена и триаголна кула-видиковец висока 35m, која на највисокото ниво би имала ресторан со прекрасен поглед на околината, пред се реката Вардар и локалитетот Стоби.


Автори на идејното решение се Александар Радевски д.и.а и Викторија Ставриќ – Радевски д.и.а, кои за него ја добија и големата награда на БИМАС 2010. Основниот проект го изработи Институтот за студии и проектирање на „Бетон“ АД Скопје, на чело со координаторот М-р. Блаже Панов д.г.и. и одговорните проектанти Вера Жежељ д.и.а и Викторија Будимовска Скаричева д.и.а. Скопски „Бетон“ исто така беше и изведувач на градежните работи.