Претходна статија
Автопатот меѓу Ниш и Скопје ќе биде завршен годинава
Следна статија
Отворен Меморијалниот музеј на илегалната работилница за изработка на оружје за време на НОВ

Сугарески: Злоупотребите со легализацијата на дивоградби ќе се казнуваат

Објавено на 03.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Државата ќе ги казнува сите злоупотреби направени во процесот за легализација на дивоградбите во земјава. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во интервју за порталот „Фактор“ вели дека легализацијата на објект ќе се изврши единствено ако граѓаните ги исполнуваат сите услови пропишани во Законот за постапување со бесправно изградени објекти. „Секој еден, било општина било друга институција, било вработен во таа институција доколку издаде одобрение спротивно од Законот ќе сноси одговорност“ вели министерот Сугарески.

 

 

Ваквиот став на Министерството за транспорт и врски доаѓа по неофицијалните информации дека некои општини издавале решенија за легализација на објекти што не се изградени. Ако се овие тврдења се покажат како точни, тоа би значело дека некои поединци се обиделе да изградат нови објекти без да ги платат вообичаените комунални давачки кон државата и општините. За да се избегнат ваквите злоупотреби, во законот јасно е прецизирано дека право на легализација имаат единствено оние објекти што се изградени пред 3 март 2011 година.

 

Граѓаните во текот на оваа година ќе ја имаат последната шанса за легализација на бесправно изградените објекти. Оние поединци што не ја завршиле целокупната постапка во изминативе години, ќе имаат рок до 30 јуни за да ја комплетираат документацијата, вклучувајќи ги и геодетските елаборати. Дополнително, граѓаните ќе имаат рок до 31 декември за да поднесат барање за легализација на нивните дивоградби, но ова ќе се однесува единствено за оние лица што не успеале претходно да поднесат барање, а чии објекти се изградени заклучно со 3 март 2011 година.