Претходна статија
Се подготвува санација на автопатската врска меѓу Скопје и Куманово
Следна статија
Продолжува изградбата на платформите на реката Отиња, плоштадот „Слобода“ е завршен

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се реконструира, ќе се гради нов објект кај „Медицинар“

Објавено на 12.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Премиерот Никола Груевски денеска ја најави реконструкцијата на опожарениот блок од студентскиот дом „Гоце Делчев“ и изградбата на нов студентски дом на местото на постоечките бараки „Медицинар“. „Реконструкцијата на тој блок ќе почне наскоро и во текот на летото ќе заврши. Од септември студентите ќе може да се вселат во реконструиран блок, токму онаму каде што беше опожарувањето на една или неколку простории“, изјави Груевски. Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има четири блока со вкупен капацитет од над 1.200 легла, распоредени во 544 двокреветни соби, 64 еднокреветни соби за апсолвенти и 52 соби за студенти во брак. Изграден е во 70-тите години на минатиот век според проектот на професорот Георги Константиновски и добитник е на Борбина плакета за архитектура.

 

Покрај реконструкција на „Гоце Делчев“, премиерот вети дека наскоро ќе се распише оглас за избор на идејно решение за нови студентски дом „Медицинар“, кој ќе се гради на местото на постоечките бараки. Изградбата на идниот сместувачки капацитет за студентите од внатрешноста ќе започне кон крајот на годинава или на почетокот од 2014 година. Македонската влада во изминатиов период инвестираше финансиски средства и во изградба на шест нови објекти во студентскиот дом „Стив Наумов“ со вкупен капацитет од 204 легла.