Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Се поставуваат „барокни“ сендвичарници со позлатени антички столбови
Следна статија
Нова „бомба“ за парцелите на Водно

Струмица ја проширува гасоводната мрежа

Објавено на 23.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Јавното претпријатие „Струмица – гас“ ја почна новата градежна сезона со проширување на гасоводната мрежа во градот, во кругот на тамошната касарна. Градежните екипи работат на изведба на траса во должина од 800 метри, со што на гасоводот ќе се приклучат новоизградените станбени објекти и оние што во моментов се градат. Покрај гасификацијата на овој урбан блок, „Струмица – гас“ ќе постави цевки за пренос на гас зад фабриката „Герас Цунев“ и на улицата „Киро Абрашев“. Општина Струмица во летниот период ќе работи на приклучување на селата Добрејци, Дабиле и Куклуш на постоечката гасоводна мрежа, првенствено на земјоделците кои се сопственици на оранжерии и пластеници.

 


* Извор на фотографија: Општина Струмица
 

Очекувањата на Ј.П. „Струмица – гас“ се дека во текот на оваа година ќе се изградат дополнителни пет километри гасоводна мрежа на територијата на општината. Гасоводната мрежа во моментов има должина од 21 километри, а за три до четири години се проценува дека Струмица ќе има околу 40 километри гасоводна мрежа.