Претходна статија
Новиот лик на владината зграда со повисока цена
Следна статија
Изградбата на станови во минус и во текот на ноември

Стратегијата за продажба на парцели во касарната „Илинден“ мора да се менува

Објавено на 14.01.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Четири огласи за период од една и пол година, ниту една компанија што се одлучи да инвестира. Долгонајавуваниот проект за изградба на нова населба во скопската касарна „Илинден“ доживува неуспех. Општина Карпош и по четврти пат не успеа да продаде некоја од огласените парцели во планираната населба во кругот на оваа касарна. Што понатаму ќе се прави со атрактивното државно земјиште во овој дел на главниот град е непознато, но се знае дека главната причина за незаинтересираност на инвеститорите е високата почетна цена на градежните парцели. На последното електронско наддавање беа понудени 10 парцели со површина од 4.294 до 23.436 метри квадратни и почетна цена од 6.000 денари за метар квадратен.

 

На просторот со површина од 95 хектари е предвидено да се градат станбени згради, трговски центри, деловни објекти, семејни куќи, образовни установи, болници и амбасади. Покрај приватните инвеститори, во овој проект треба да вложи и државата преку изградба на 1.400 станбени единици за припадниците на македонската армија. Иако најавен пред неколку години, овој владин проект не е започнат со реализација.