Претходна статија
Возиме автомобили, се убиваме самите себеси
Следна статија
Ќе се дозволи ли изградба на десеткатница на Водно?!

Ставени под напон две инвестиции на МЕПСО вредни 4 милиони евра

Објавено на 16.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Поставувањето на нов 400/100 киловолтен енергетски автотрансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 и реконструкцијата на 110 – киловолтниот далновод што ги поврзува Куманово и Скопје се двете инвестиции во енергетскиот сектор што денеска беа ставени под напон. Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) во овие проекти вложи 4 милиони евра. Првата инвестиција е енергетскиот автотрансформатор вреден 2,7 милиони евра. Тој ќе се надоврзе на работата на постоечкиот, со што ќе се обезбеди автоматска регулација на напонот и ќе се сведе на минимум ризикот од пад на напонот во оној дел од скопскиот регион што се снабдува со електрична енергија преку трансформаторската станица Скопје 5. Производител на трансформаторот е „КРТ Загреб“, дел од германската групација „Сименс“.

 

извор: МЕПСОВториот енергетски објект што денеска беше пуштен во употреба е реконструираниот 110 – киловолтен далновод Скопје – Куманово. На него е извршена замена на постоечките со нови проводни јажиња во должина од 26 километри, за што се вложени 1,3 милиони евра. На далноводот е поставено супер проводно јаже, кое трпи поголемо оптоварување во споредба со класичното проводно јаже. Со ова се обезбедува зголемена доверливост на електроенергетскиот систем, стабилна работа и подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија. На денешната свеченост присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски.