Претходна статија
Новини во проектот „Купи куќа, купи стан“
Следна статија
ИНТЕРВЈУ: Етапа Проект – 20 години архитектонско изразување кое остава печат и порака за своето време

Старото кино во Кисела Вода ќе прерасне во мултимедијален центар

Објавено на 13.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Мултифункционална сала за изведување на театарски претстави и прикажување на филмови, библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галерија, административни простории и простории за месната заедница се идните содржини на мултимедијалниот центар што ќе се смести во просториите на некогашното кино во општина Кисела Вода. Со санациониот зафат ќе се реновираат и пренаменат постоечките простории на зданието, кое во иднина треба да прерасне во локација за одвивање на културните збиднувања во оваа скопска општина. Централно место во објектот ќе заземе мултифункционалната сала со површина од 315 метри квадратни. Таа ќе може да прими 144 посетители и ќе биде прилагодена за изведување на театарски претстави, музички концерти, но и за прикажување на филмски остварувања.

 

##

 

 

Покрај новиот ентериер, старото кино ќе добие и модерен надворешен изглед. Фасадата ќе се изработи од композитни алуминиумски панели во три бои – црвена, темно сива и светло сива. Со проектот е предвидена структурална фасада од алуминиумски профили застаклени со транспарентно темно стакло. Просторот околу објектот хортикултурно ќе се уреди, а планирано е да се изведе и паркинг просторза посетителите. Потребните финансии ќе се обезбедат од буџетот на општина Кисела Вода и од државниот буџет.

 

##