Претходна статија
Мостот Гоце Делчев во ново светло
Следна статија
Профункционира новиот цветен пазар

Старите куќи во Вевчани ќе се обновуваат

Објавено на 24.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вевчанска куќаЗаводот и музеј од Охрид и општина Вевчани до крајот на годинава планираат да ревитализираат неколку стари куќи на познати вевчански фамилии. Планот предвидува обновените куќи да ја задржат првобитната автентична архитектура, а промени ќе бидат дозволени единствено во внатрешноста на објектите во функција на развој на туризмот. Охридскиот завод и музеј во моментов работи на елаборати за реконструкција на десет објекти во Вевчани, а плановите предвидуваат обновување на уште десетина стари објекти што во моментов се оставени на забот на времето.

 

На голем дел од старите живеалишта на познатите вевчански фамилии им е потребна реконструкција. Општина Вевчани во неколку наврати најавуваше заштита на историски значајните објекти, особено на куќите на Пешиновци, Дуцкиновци, Даскаловци, Костојчиновци и Коруновци. Овие зданија автентично го прикажуваат животот на вевчанци за време на Отоманската империја, а истовремено се познати и по различните архитектонски стилови на градба на објектите донесени во селото од страна на печалбарите. Со проектот за ревитализација, старите вевчански зданија ќе бидат заштитени со закон како куќи споменици.

 

 

Бојан Блажевски