Претходна статија
Со намалено темпо се довршува општинската зграда во Карпош
Следна статија
Се најде купувач за земјиштето кај СРЦ „Кале“

Становите во Скопје лани поевтиниле за 1,8%

Објавено на 09.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во Скопје лани изнесувала 53.878 денари, што е за 1,8% помалку во споредба со 2013 година, додека во останатите населени места во Македонија таа изнесувала 33.505 денари, односно за 14,7% помалку во однос на претходната година. Државниот завод за статистика во својот Годишен извештај за 2014 година наведува дека просечната цена на еден метар квадратен станбена површина била 46.505 денари на ниво на целата земја, при што истата е за 0,7% помала во споредба со 2013 година. Вредноста на становите е без пресметан данок на додадена вредност.

 

 

 

Намалувањето на цените кај овој сектор на недвижности е поизразено во втората половина од минатата година, при што во Скопје ваквиот пад изнесува 3,4% во однос на првите шест месеци од 2014 година. Негативните придвижувања кај цената на становите може да се забележи и кај другите релевантни институции во земјава. Народната банка на Р.М. пресмета дека цената на станбените единици во Скопје минатата година се намалила за 0,6% на годишна основа, додека консултантската компанија Фортон регистрираше дека просечната цената на становите во македонската метропола во втората половина од 2014 година се намалила за 0,9% во споредба со периодот јануари – јуни 2014 година.

 

 

Бојан Блажевски