Претходна статија
„Бетон“ ја доби зделката за надградба и куполи на Собранието
Следна статија
Најавен тендер за изградба на нова судска зграда

Соравиа Ресорт со свој веб сајт

Објавено на 04.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Од неодамна профункционира сајтот http://www.soraviaresort.com.mk на кој заинтересираните можат да најдат визуелизации и детални информации за елитната населба „Соравиа Ресорт“, која никнува на падините на Водно на просторот на некогашното олимписко село. Камен темелник на комплексот вреден 30 милиони евра беше поставен на 09.12.2009  и таму засега се градат три вили: Венеција, Милано и Наполи. Во прва фаза ќе се изградат вкупно шест вили со апартмани за #продавање и еден мултифункционален објект во кој ќе има ексклузивни апартмани за издавање, простор за релаксација, кафетерија и продавници. Предвидено е првата фаза која опфаќа 80 апартмани да се реализира до 2012, а целиот проект за пет години, кога бројката ќе достигне 20 објекти и 200 апартмани.


Од Соравиа истакнуваат дека комплексот се гради по највисоки стандарди. Објектите меѓудругото ќе имаат сопствен систем за греење и #ладење со геотермални пумпи и колектори за сонце, централно регулирана топла вода и висок степен на топлотна и звучна изолација. Предвидено е вградување на прозори кои имаат изолациско стакло со u – вредност од 1,1 W/m²K и внатрешни венецијанери, а ѕидовите од цигла ќе обезбедат повисоко ниво на звучна изолација. Подземните гаражи со лифтови ќе бидат споени директно со становите. Во продавниците во мултифункционалниот објект станарите ќе може да се снабдат со намирници, без да ја напуштат населбата. Безбедноста исто така ќе биде на високо ниво, со 24-часовно физичко обезбедување. Проектот за комплексот го изработи „Радо Инженеринг“, изведувач е „Вардарградба“, а надзорот го врши „Евро Консалтинг“.




Форумска дискусија за овој проект –> овде