Претходна статија
Ќе се гради водовод и канализација во новата скопска населба Хиподром 2
Следна статија
Распишан архитектонски Конкурс за идниот кампус на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Со ребалансот на буџет скратени 800 милиони денари за проектот „Скопје 2014“

Објавено на 24.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Новата влада го сопира проектот „Скопје 2014“. Со ребалансот на буџетот се скратени дури 800 милиони денари, коишто претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги планирала за изведба на разни објекти во централното градско подрачје. Министерството за финансии денеска излезе со детални информации за Граѓанскиот буџет, кој на разбирлив начин на граѓаните им ги објаснува клучните информации за државниот буџет. Во него е наведено дека со ребалансот на буџетот се кратат 13 милиони евра од издатоците за нови административни објекти, „барокни“ фасади, фонтани и плоштади во центарот на Скопје.

Трендот за сопирање на проектот „Скопје 2014“ започна уште пред неколку недели, кога новата извршна власт на државните институции им наложи да го запрат финансирањето на разни објекти од „Скопје 2014“. Агенцијата за електронски комуникации беше првата институција што мораше да се одрекне од финансирањето на контроверзниот проект Панорамско тркало. Министерството за култура пред неколку дена самото најави дека споменикот на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“ ќе се догради кога ќе се најдат неопходните 4 милиони евра за негово довршување.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk