Претходна статија
Нови енергетски фасади за зградите во центарот на Куманово
Следна статија
„Хубо маркет“ бара Општина Карпош да го промени ДУП-от

Со петиција и дружба жителите на Тафталиџе 1 ќе го бранат паркот

Објавено на 26.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопската општина Карпош ќе добие уште една петицијата од граѓаните против изградба на нов објект. Жителите на населбата Тафталиџе 1 од 29 мај ќе започнат да потпишуваат петиција за зачувување на единствениот парк. Тие ќе побараат од Општина Карпош да го промени ДУП-от, со цел да се зачува последното зеленило во населбата. Жителите на Тафталиџе 1 ги повикуваат граѓаните да дојдат во недела во 18 часот за да се потпишат на петицијата. „Заедно сплотени уживајќи во добра музика и дружејќи се да се потпишеме за нашата иднина. Не дозволувај да фрлат бетон врз твојата иднина“, порачуваат од иницијативата распространета на социјалните мрежи.

 

 

 

Покрај официјалниот почеток на петицијата, во недела ќе се одржи и музичка дружба на жителите од населбата, на која е предвидено да настапат Beta House и DJ Irie Scratch. Негодувањето на граѓаните од Тафталиџе 1 доаѓа по обидот на АДСДП да почне изградба на нова станбена зграда на единствениот преостанат парк во населбата. Граѓаните од околните згради во два наврати го спречија инвеститорот да ги започне градежните работи на терен.